Терорист од Чаир стана министер во Сирија. Абу Катада Албани долги години ја предводеше џихадистичката група „Џемати Албан“, која ја сочинуваат претежно Албанци од Косово и Македонија, а денес е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам, дознава српски Информер, а пренесе ТВ Телма.
Тој, како што е наведено во објавата, е Албанец роден во Скопје, во населбата Чаир на 25 септември 1976 година, под името Абдул Јашари. Албани претходно беше лидер на Фронтот Ал Нусра, што доведе до тоа да се најде на црната листа на американското Министерство за финансии во 2016 година и да биде обвинет за тероризам.
Извор: ТВ Телма