Откако со години ги наведуваше своите терористи да ги напаѓаат големите европски градови, терористичката Исламска држава (ИД) сега им препорачува да не патуваат во Европа поради ширењето на коронавирусот, јави денеска .„Сандеј Тајмс“ од Лондон.
Но, доколку веќе имаат симптоми на болеста, ИД им препорачува на тие џихадисти да остаат таму, објавено е во печатеното издание на билтенот на терористичката група Ал-Наба, пренесува изданието, дел од групацијата „Д тајмс“.
„Здравите не треба да влегуваат во земјите со епидемија, а заразените не треба да излегуваат од таму“, пишува во билтенот, оценувајќи дека „чумата“ е „страдање, испратено од Бога на кого тој сака“.