Напаѓачот со нож во базиликата Нотр Дам во Ница е 21-годишен Тунижанец по име Брахим Ауисауи, јави дописникот на МИА.
Тој не е барател на азил во Франција, тој пристигнал во Европа преку Лампедуза на крајот на септември, каде што беше ставен во карантин од италијанските власти пред да биде подложен на обврска да ја напушти италијанската територија и да остави на слобода, јавија француските медиуми. Тој се наоѓа на територијата на Франција од почетокот на октомври.
Според некои судски извори, неговиот идентитет сè уште не е официјално потврден. Истражителите во моментот имале само документ на италијанскиот Црвен крст што одговара на идентитетот на Брахим Ауисауи.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан испрати „порака за мир кон муслиманскиот свет“, нагласувајќи дека Франција е „земја на толеранција“, а не на „презир или одбивање“.
-Не ги слушајте гласовите на оние што сакаат да предизвикаат недоверба. Да не бидеме заробени во ексцесите на малцинството на манипулатори, изјави тој за време на разгледувањето на буџетот на неговото министерство во Националното собрание.