Непознати сторители ноќта помеѓу 29 и 30 март извршиле тешка кражба во црквата „Св.Константин и Елена“ во село Вратница, Тетовско при што одзеле накит и бакарни лимови.
Како што соопшти МВР, кражбата била пријавена вчера во СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.