Една Македонка е повредена, додека две лица се загинати и уште три се повредени од непозната националност во стравична несреќа со диви свињи кај Кукуш.
Полициско возило со 42-годишен полицаец и уште двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 се судриле со глутница диви свињи.
Потоа со нив се судрила и 56-годишната Македонка, која е повредена, како и нејзиниот сопатник, додека во несреќата учествувало уште едно возило, управувано од 53-годишен маж и 48-годишен сопатник, кои ги изгубиле животите.
Стадо диви свињи, веројатно е причината за сообраќајна несреќа на патот во близина на градот Кукуш во која биле вклучени три возила – од кои едно полициско, едно од Македонија и едно од Грција и во која загинаа двајца грчки граѓани, а се повредени четири лица, меѓу кои и македонска државјанка, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, полициско возило со тројца полицајци удрило во глутницата диви свињи и излетало од патот, потоа следел автомобилот со македонски регистарски таблички со двајца патници, кој исто така удрил во стадото и се превртел и на крај уште едно возило, грчко, удрило во патролното возило на полицијата.
Во несреќата е повредена сопатничката во македонското возило, како и тројцата полицајци, а двете лица од грчкото возило загинале.
Неофицијално, како што дознава МИА, повредената Македонка е пренесена во болницата во Кукуш.