Трансферот на дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Филипе Луис во ПСЖ е сериозно доведен во прашање, објави „Марка“.
Како што се наведува во шпанскиот весник, клубовите не можат да се договорат за условите на договорот за 33-годишниот Бразилец.
Според изворот, Атлетико бара 20 милиони евра, а францускиот шампион не е подготвена да плати таква сума.
Парискиот клуб во последните денови од трансфер прозорецот може да се префрли на Рафаел Гереиро од Борусија Дортмунд.