Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди, откако во него удрила локомотива, сопственост на Јавното претпријатие „Македонски железници“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска вo 1:20 часот во СВР – Скопје е пријавено дека на железнички премин „Хиподром“, локомотива, сопственост на ЈП „Македонски железници“, удрила во пешакот С.Л., на возраст од 55 години. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението на МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР – Скопје.