Тешко е повреден дваесет ишестгодишен возач од Виница, кој вчера попладнето на регионалниот пат Виница-Берово, со своето возило „Дачија дастер“ од засега непознати причини, се превртел и паднал под мостот на Ленишка Река.

Несреќата се случила кога тој прво поминал на левата сообраќајна лента, при што возилото се свртело странично и со десната страна удрило во метална ограда од мостот и завршило под мостот.

Возачот Н.Б. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен до Клиничката болница во Кочани, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот.