На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, вчера товарно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Т. 44- годишен од Тетово, изгубило контрола и излетало од патот.
Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Т., кој бил пренесен во болницата во Кичево, а подоцна и во Клиничкиот центар во Тетово, каде му била укажана лекарска помош.
Кај совозачот Д.М. 22-годишен од Скопје биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од полициската станица Кичево.