Во рамки на групацијата Tessa Group започнува и ново поглавје во енергетиката под брендот – Tessa Energy.

Овој чекор не е само промена на имиџот, туку пред се симбол на обединетост, визија и континуиран напредок.

Како енергетски столб на групацијата, Tessa Energy е посветена на создавање еколошки, ефикасни и економични решенија кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и чиста животна средина.

Водечки “мотор” на Tessa Energy e  Energy Ecolink, топланата која ги снабдува жителите на општините Чаир и Бутел, започнувајќи нова ера на енергетска стабилност, сигурност и одржлив развој во Скопје.

Оваа есен Energy Ecolink влезе целосно подготвена пред официјалниот старт на грејната сезона и на своите корисници им обезбеди сигурно и топло домување, затоа што топлината не е луксуз, туку секојдневна потреба во период кој им претстои. Компанијата е посветена на постојан развој и иновации за да одговори на потребите на пазарот и да ги надмине очекувањата на своите корисници.

Со новата инвестиција во вредност од над 2 милиони евра кои беа инвестирани во Tessa Energy, Скопје добива нова когенеративна гасна постројка за комбинирано производство на топлинска и електрична енергија. Проектот предвидува приклучување на опремата на гасоводната мрежа со која управува Energy Ecolink (поранешна Топлана Скопје Север АД Скопје).

Со оваа инвестиција се планира создавање на одржлив и еколошки извор на електрична енергија, како и проширување на постоечките капацитети, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните, намалување на цената на топлинската енергија, и позитивно влијание врз намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје.