Дали сте меѓу генијалците кои би можеле да му „излезат на линија“?
Загатката на Ајнштајн е логичен тест за кој се тврди дека го решиле само 2 проценти од луѓето. Тестот го носи името на познатиот физичар Алберт Ајнштајн затоа што, наводно, го измислил кога бил момче. Дали сте меѓу генијалците кои би можеле да го „изнесат“?
Загатка
Во пет колони се наоѓаат по пет куќи кои се разликуваат по боја и во секоја од нив живеат личности со различни националности, кои пијат различни пијалаци, се занимаваат со различни спортови и имаат различни домашни миленици. Односно – немаат ништо заедничко.
Наострете ги вашите сетила и обидете се да откриете кој каде живее, која е неговата националност и сè останато што следи во продолжение.
Познати детали:
– Британецот живее во црвена куќа
– Швеѓанецот чува кучиња.
– Данецот пие чај.
– Зелената куќа е лево од белата куќа.
– Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
– Личноста која свири виолина одгледува птици
– Човекот во жолтата куќа свири клавир.
– Човекот во средната куќа пие млеко
– Норвежанецот живее во првата куќа
– Човекот кој свири труба живее покрај оној што чува мачки
– Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири на клавир
– Сопственикот кој свири армоника пие пиво
– Германецот свири гитара
– Норвежанецот живее покрај сината куќа
– Личноста која свири труба има сосед кој пие вода.
Знаеме, ви треба време … Не брзајте.
Значи, прашањето е: Кој има риба?
Мислите дека знаете?
Добро – проверете го решението.
Тестот можете да го пронајдете ТУКА, а и не заборавајте да ги споделите вашите крајни резултати!