Истрагата на американската морнарица за ширење на коронавирусот на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ откри дека околу 60 проценти од тестираните морнари имаат антитела на вирусот, изјавија двајца неименувани американски функционери.
Функционерите, кои побарале да останат анонимни, изјавија дека околу 400 волонтери учествувале во серолошки тестови, а биле побарани 1.000 волонтери.