Тетовецот Агрон Шаќири жестоко реагираше на фесбук револтиран од несоодветната реакција на институциите при гасењето на големиот пожар во објектите на „Македонија Табак“ и „Пофикс“ на излезот од Тетово.
„Пламен и џиновски облак чад во Тетово. Исто како и пред неколку месеци, но за среќа сега нема жртви. Пак за среќа, денес немаше експлозии, за да ги тресат прозорците и зградите до центарот. Гореше фабрика, која во магацините имала поголемо количество лесно запаливи материјали. Во меѓувреме, на 4 часа од почетокот на пожарот, лудиот директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека треба да се направи анализа, заради интервенција со хеликоптер, а премиерот и министрите-Албанците се занимаваат со војната во Украина.
„Селото гори, бабата се чешла’. Каква идиотштина!
Секако, вие на следните избори ќе побарате и ќе добиете некој глас. Но, не толку колку што ќе ви треба, за да ја добиете власта. Ќе добиете онолку гласови колку што ќе им требаат на вашите лидери да влезат во парламентот, за да обезбедат пратенички имунитет и за да се зачувате од она што неочекувано ќе ве очекува пред врата. Но, но нема да ви биде така лесно овојпат. Залудно се надевате на прошка. НАРОДОТ НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ ПРОСТИ!“ – пишува Шаќири.
Во пожарот до сега се повредени четири лица, од кои тројца поради задушување, а еден добил скршеница на коленото.