Кризниот штаб при Општина Тетово за спречување на ширење на коронавирусот објави нов повик со цел да се пријават уште сопственици на маркети и економски оператори на општинската територија за да вршат достава на намирници во текот на забраната за движење од петок од 17:00 часот до вторник до 05:00 часот. Заинтересираните имаат рок за пријавување до четврток до 12:00 часот.

Сите маркети и економски оператори кои се заинтересирани да доставуваат производи за итни случаи за време на полицискиот час во текот на викендот, со минимум двајца вработени (со сертификат М1 / М2), потребно е да испратат барање до седиштето на кризниот штаб при Општина Тетово на следната електронска адреса: info@tetova.gov.mk или да поднесат барање до архивата на Општина Тетово, најдоцна до четврток во 12:00 часот. Барањето во електронска форма можете да го најде на интернет страницата на општината, информираат од Општина Тетово.

На маркетите кои беа претходно избрани им е дозволено да продолжат со работа сè до престанокот на вондредната состојба