Припадник на граничната полиција бил застрелан во левата подлактица откако негов колега испукал еден куршум додека го чистел својот службен пиштол, информираа од СВР Тетово.
Според полициските информации, инцидентот се случил вчера околу 12:30 часот во Полициската станица за граничен надзор Рогачево.
На местото веднаш бил извршен увид, а за случајот биле известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.