На убав ден – Петровден, денес сум во убавото Тетово, на средба со тетовчани. Ги примив позитивните реакции и задоволствата на тетовчани, заради тоа што веќе не е Тетово како до сега. Заради тоа што интензивно се работи на автопатот од Тетово – Гостивар, заради тоа што се покачија пензиите за 5.000 денари, заради тоа што се покачија платите во образование, администрација, здравство и полиција, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тетовчани се задоволни и од издвоените речиси 15 милиони евра од вкупно издвоените 250 милиони евра од Владата за локални проекти и задоволни се од ветувањето дека со стратешкиот договор со Обединететото Кралство ќе се реализира и долго очекуваната реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Времето на Тетово доаѓа! Времето на Македонија доаѓа, истакна Стојаноска.