Полицијата поднесе кривична пријава против 68-годишниот И.С. од тетовското село Нераште и 39-годишната Е.А.Н. од Слатино, поради измама.
– Нераштанецот запознал извесен маж со жената, која лажно му се претставила и го довела во заблуда дека ќе се венчаат, објави МВР.
Тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, но свадба немало, случајот сега е во рацете на надлежните органи, а мажот кој имал намера да се венча останал и без пари и без невеста.