Е.Пелистер доживеа тежок пораз на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед 35:20 (14:11).
Избраниците на Рубен Гарабаја, го одиграа најлошиот натпревар во сезоната, го забележаа шестиот пораз во осмиот меч и се на претпоследното место на табелата.
по 13 минути, кога Сегед стекна предност од четири гола, а по 18 минути резултатот беше 10:4. Играчите на Пелистер се „истакнаа“ со промашување на зицери, а Сегед најчесто поенираше од контра или полуконтра.
Сите дилеми одколу победникот, доколку воопшто и ги имаше, беа решени в 43-та минута кога домашните ракометари стекнаа довцифрена предност. До крајот натпреварот повеќе наликуваше на пријателски, отколку на натпревар од Лигата на шампионите.
41-годишниот Миклер го предводеше Пик Сегед со 19 интервенции, а најефикасни беа Кукиќ и Фримел со по седум гола. Хаџиќ, Атанасијевиќ и Манасков постигнаа по три гола за Пелистер. Најдобар беше голманот Хејдарирад со седум одбрани.




