Дека Холивуд е сурова индустрија, почувствувале и актерките од нашата денешна листа. Тие биле постојано одбивани на кастинзи затоа што, според филмските работници, не биле доволно убави. Некои дури и не доволно паметни.
Сепак, среќата им се насмевнува, и по неколку неуспеси и разочарувања, владеат со Холивуд, остварувајќи впечатливи улоги за кои се зборува со години подоцна.
Кејт Винслет
Не треба ни да споменеме колку успех има постигнато оваа Британка во бројни улоги, меѓу кои е и онаа во легендарниот Титаник. Сепак, Винслет морала многу да се потруди за да биде каде што е, бидејќи таа била отфрлана во адолесцентскиот период, оти била „многу дебела“.
Сара Џесика Паркер
Сара, која засекогаш ќе остане запаметена како колумнистката Кери Бредшо, наидувала на многу критики поради нејзиниот физичкиот изглед, а списанието Максим во 2008 година ја прогласи за жена, која е најмалку секси во светот.
Мерил Стрип
Актерката со најмногу номинации за Оскар била одбиена многупати поради нејзиниот физички изглед. Интересна случка се случила за филмот „Кинг Конг”, кога еден продуцент на италијански го прашал еден асистент зошто донел некој „толку грд”, не знаејќи дека и Мерил зборува италијански. „Жал ми е што не сум доволно убава за да бидам во Кинг Конг“, рекла тогаш Мерил.
Лиа Мишел
Актерката од серијата Glee во интервју во 2011 година, откри дека имала потешкотии да добие улога поради нејзиниот нос. „Кога имав 15 години, мајка ми и јас отидовме кај еден менаџер кој ми рече дека морам да го оперирам носот за да добијам улога”, призна Ли.
Кет Денингс
Мекс од „Две девојки без пари”, е позната по заносните облини и атрактивен изглед. Сепак, на почетокот на нејзината кариера, многу продуценти ја советувале да ги поправи забите, да ја офарба косата и да ослабе, за да успее во Холивуд.
Риз Виндерспун
Една од најпознатите актерки, исто така, се борела со отфрлање. Во интервју за „Дејли мејл“, Риз упати совет до сите што сакаат да се занимаваат со глума. „Мораш да бидеш концентриран и силен, бидејќи само таква силна личност може да се бори со одбивање. Кога првпат отидов да кастинг, слушав како ми кажуваат дека не сум висока, дека не сум многу убава, а ни многу интелигентна“.