Регионалното здружение “Тиквешки лозаро-овоштари“ на прес конференција реагираа поради лагите кои им ги пласираат од владата поради ниската откупна цена на грозјето, неисплатените субвенции уште од пред три години, измамата со откупеното грозје за вински дестилат а сега преработено во вино од некои винарии, катастрофалното менаџирање со водостопанското претпријатие кое не може да им достави вода на земјоделците, како и стратегијата за откуп и цената за реколтата 2021 година.
Со Владата требало да разговараат денеска, меѓутоа по којзнае кој пат средба немало. Лозарите реагираат и што СДСМ за три години смени тројца министри за земјоделство кои биле непознавачи на приликите на целокупното земјоделие во државата.