Обичаи по свадбите

Кога се свршуе момче за мома наинапрет оди на момчето татко му и со него си покануе неколку човеци, свои роднини. Свекорот со прво носи на снаата една китка од босилок. На китката врзуе со свилени конци врзан еден прстен и неколко стари пари ако има и некое алт’нче и една шамија свилена или ако е посирома един калемќар.

Снаата му дава и она една китка босилкова, со един прстен и некоја бовча за момчето. Второ, пред свадбата една недела се прави стројот. Свекорот на снаата однесуе сета руба, ф’стан, сако, бунда и едно рало чејли. Снаата на свекорот дава сета руба што има, за момчето направени бовчи, во секоја бовча има една кошула, едно рало гаќи, едно рало чорапи, еден гаќник, завиени во калемќар.

Тогаи на момчето таткото и на момата таткото земаат една чаша п’на со вино и си имаат двајцата по един прстен, турајат прстените во чашата до три пати и после извадујат прстените, си ги разменујат и на вино се прекрстујат и благосувајат: „Ајде свату, аирлија да ни е радост, да ни се живи младенци, да се вечни и ризични, камен и дрво да фанат, злато и стребро да му се стори, кај нема Бок да даде, да ни се врати“.

И ке си го испијат винцето. И после веке бива сигурно, нема да се расипе работата. По неколко дена свадба ке се прави. Това свадбата бива веке во недела. Свекорот оште во сабота сабајле испраќа две момчина, ергени крс селото да канат. Ергените си зимат една карта вино и едно крондирче ракија. От куќа на куќа, сето село ќе и покани во секоја куќа ќе кажат: „Да благосовите да дојдите на свадба у чичка ми Трајка. Утре ќе одиме сватови да му доведиме снахата“.

И тогај веќе секој ќе се готви за сват за утрото во неделата. Уште посабаиле домаќинот ќе извади гајдаџиите надвор, ќе свират и ќе исврлат неколку пушки. Штом ќе пукнат пушките и сватовите ќе се соберат сите со кони, педесет или сто души како да се селото, може и двесте души, може и дваисет души, ке идат во другото село каи невестата.

Тамо ке ручајат и малко оро ке поиграјат, ке си земат невестата па напред гајдите ке си дојдат у свекорот со невестата. Вечерта ке ја венча попот. Ноќта ќе и остават младоженците заедно и утре оште рано невестата ако излегла мома ќе пукнат неколку пушки и се знае веќе оти невестата била чесна мома. И па ќе си покани свекорот роднините ќе пијат блага ракија и ќе блаошаваат: „Аирлија, честито, кај нема да му даде Госпот, кај што требе да се врати“.

Домаќинот блаошава: „Што ме нашло и да ве најде, сега венчаме до година да крстиме“. И ќе му поиграјат на нункото малце кумово оро. Тогај и нункото ке поиграе троа и ќе станат ќе си одат. Ако невестата не излегла мома па тогај нема ни пушка да пукне, нема ни гајда да засвири.

Само невестата ќе а прошетаат малко, може и да ја качат на магарето наопако, дават и опашката од магарето в раце, покриват ја со еден ќилим та ја враќаат при татка и теслим. Затоа многу ретко се случуе мома расипана да има у нашите села во Тиквеш.

Од записите на Христо Антов од с. Мрзин (Тивешко). (Подготви Марко Китевски)