Австралискиот тенисер Доминик Тим оцени дека само еден поен бил пресуден за неговиот пораз против шпанскиот тенисер Рафаел Надал во четвртфиналниот натпревар на Ју-Ес опен.
Надал го совлада Тим по речиси пет часа игра во пет сета со резултат 0:6, 6:4, 7:5, 6:7 (4:7), 7:6 (7:5).
– Ќе го паметам овој натпревар. Тенисот понекогаш знае да биде суров. Мислам дека не заслужив да го загубам овој натпревар. Меѓутоа, некој мораше да биде поразен. Надал е одличен играч и му посакувам да ја освои титулата, истакна Тим.
Надал изјави дека победата и пласманот во полуфиналето многу му значат, но дека воедно му е жал за елиминацијата на Тим.
Противник на Надал во полуфиналето ќе биде аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.