Конфликтот во Украина ќе заврши до крајот на мај, по што ќе има целосно ресетирање на владата, најави поранешната премиерка на Украина, лидерката на партијата Баткившчина, Јулија Тимошенко.

“Постојат меѓународни планови за завршување на војната во Украина до крајот на мај. И ова е многу оптимистичко, а сега сè се движи кон тоа. Тоа е многу, многу важно за сите нас. Значи, кога сето ова ќе заврши, дефинитивно ќе има целосно ресетирање”, рече таа во Одеса.

На почетокот на пролетта, Тимошенко се сретна со високи претставници од придружбата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Самиот Трамп претходно укажа на падот на рејтингот на Володимир Зеленски и го нарече диктатор, нагласувајќи ја потребата од одржување избори во Украина.

Тајни средби, како што прецизираат медиумите, биле одржани и со претставници на партијата на поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко, поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

Во Украина не се одржуваат парламентарни и претседателски избори поради вонредната состојба. Претседателските овластувања на Зеленски официјално завршија на 20 мај минатата година, но тој прави се за да остане на власт.