Tимошенко (59), која два пати беше премиерка пред поразот на претседателските избори во 2010 година е првата украинска висока политичарка која добила Ковид-19, пренесе „Ројтерс“.
„Нејзината состојба се оценува како сериозна, и температурата и е 39 степени“ изјавила портпаролката на нејзината партија „Татковина“.
Во Украина оваа недела се случи ненадеен пораст на бројот на инфекции, со нови 2.328 случаи пријавени во сабота.
Вкупниот број на инфекции достигна 104.958, а бројот на починати од Ковид-19 во Украина е 2.271.