Тинејџер направил масакр низ куќи во Шведска, пукал и во жена со бебе

/ 16.10.2023

Тинејџер (16) од Шведска за два дена убил три лица и моментално е во притвор.

Во петокот вечерта тинејџерот влегол во куќа во Тулинг во близина на Стокхолм каде имало две жени и неколку деца, пишува Билд.

Младиот маж пукал во жените, но ги оставил децата физички неповредени. Кога со такси се оддалечил од местото на злосторството, полицијата успеала да го уапси, а во автомобилот пронашла и автоматско оружје.

Полицијата и обвинителството се сигурни дека истиот напаѓач ден пред двојното убиство, убил маж во куќа во Вестберга.

Исто така, се наведува дека 16-годишникот тешко повредил жена и нејзиното бебе.

Ја застрелал младата мајка во грб додека таа се обидувала да трча по скалите со детето во раце.

Полицијата објави малку детали за жртвите на двојното убиство од безбедносни и истражни причини. Едната жртва имала околу 20, а другата околу 60 години. Помладата жена била студентка по право. Во слободното време им помагала на младите да се зацврстат на пазарот на трудот.

Шведска се соочува со зголемување на насилството од бандите.


Од истата категорија