Тирана не е далеку од денот кога кучињата од расата питбул ќе бидат забранети.

Веста ја објави лично градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Градоначалникот призна дека ситуацијата со кучињата е извор на опасност која станува се позразена за граѓаните на главниот град на Албанија.

„Сите кои имаат кучиња питбул ќе мора да се соочат со законот. Јас сум радикален. Верувам дека некои животни низ светот статистички напаѓаат повеќе, а тие што се смртоносни, секако, нив местото не им е тука. Зборував и со министерот за земјоделство, Нико Пелеши, и двајцата се согласивме дека треба да се забрани увоз на овие агресивни кучиња“, истакна Велиај.