Осудениот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман од затвор најави дека планира да основа свој моден бренд на облека и оти тој најверојатно ќе го носи неговото име.
Ел Чапо минатиот месец беше прогласен за виновен за шверц на наркотици, перење пари и нелегално поседување огнено оружје, но, притоа, тој потпиша документи кои му дозволуваат комуникација со светот вон казнената установа.
Инспирацијата за новиот бизнис Мексиканецот ја нашол во своите ќерки, седумгодишни близначки, а со него веројатно ќе раководи неговата сопруга Ема Коронел Ајспуро.
– Овој проект е идеја која со Хоакин ја размислуваме подолго време. Пред да замијне во САД, често разговаравме за оваа тема, изјави Ајспуро.
Облеката со потписот на еден од најголемите криумчари ќе биде достапна во САД и Мексико.