Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ изјави дека во Србија на пролет најверојатно ќе се препорача и четврта доза од вакцината против коронавирус, пишува Данас.
Тиодоровиќ додаде дека имунизацијата против коронавирусот во иднина може да се прави двапати годишно.
– Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во проблем, рече Тодоровиќ.
Тиодоровиќ додаде дека воведувањето на ковид пропусници имало влијание врз лицата на возраст од 30 до 40 години, и дека тоа се гледало и од податоците за вакцинација.