Зоран Заев не можеше да избере полош кадар за местото министер за образование. Мила Царовска мора да прави се што ќе и се рече затоа што треба да испере 21 милион евра колку што чини реформата во образованието, вели историчарката проф. Катерина Тодороска за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
Тодороска потенцира дека доколку Мила Царовска не се тргне, пропаѓа државата, бидејќи иднината на државата се децата, а наша обврска е за децата да создадеме нормални услови за учење и живот.
-Донесени сме на тенок мраз. Задачата на МОН им е на сите родители да им го измијат мозокот и да им кажат дека многу е убаво што за век и векови преку образованието ќе се уништи нацијата и државата. Наставната програма која е донесена за два месеци е надвор од сите стандарди и не смее да помине.
Тодороска нагласи дека толку е штетна наставната програма што во националните стандарди кои се донесени од МОН и БРО, примарно нешто е се освен нашион корен и битие, каде нема историја на минатото туку исклучиво градење на идентитет од постоење на државата откако е променето името во 2018 година.
Што се однесува до предметот „Историја и општество“, таа вели дека е чиста измама и манипулација и дека во предметото нема ништо историско. Колку да го излажат народот, Тодороска.
Таа потенцира дека во новоформираниот предмет кој ќе се вика историја и општество, историјата ја има во т.н. национални стандарди кои треба да бидат новата наставна програма и истите се донесени надвор од сите норми.
– Ова е надвор од сите нормални ситуации. Секога сме гледале историската наука и учебникот по историја да биде убаво срочен и разбирлив, но ова е надвор од сите норми. Во МОН и БРО донеле национални стандарди за постигање на учебниците на крајот од основното образование. Во историја и општество за четврто одделение стои дека е поврзан со т.н. национални стандарди, но во нив историја нема. Ова е квази писание, не е настава програма, рече Тодороска.
Воедно, според неа уште еден доказ дека нема да се изучува историја е тоа што во нормативот за наставен кадар стои дека воспитно образовната програма може да изведува лие кое предава одделенска настава или е дипломиран педагог, но никаде во тој норматив не стои историчар.