Катерина ТОДОРОВСКА

И како што со години укажувам на една историска невистина, повторно се најдоа ликови кои поим немаат што пишуваат, ама ете да напишат.

Мојата животна определба е историјата и презентирањето на историските настани врз основа на документи. Секако, и сето тоа да го пренесам на моите студенти и светската јавност.

Многу години поминав во истражувања во Тирана и многу светски архиви за да го пренесам времето во кое настаните се случувале, да ги зачувам од заборав луѓето кои придонеле во создавањето на историјата на македонскиот и албанскиот народ. Од моите истражувања и бројните проекти имам напишано 12 книги за македонско-албанската соработка, дел монографии дел зборници на документи. Учествував на над 100 меѓународни симпозиуми, многу од нив во Тирана, Приштина и низ градови светот.

За оние што сакаат да научат, по кој знае кој пат ќе напишам дека албанското писмо не е АЗБУКА.

Затоа што АЗБУКА потекнува од АЗ, БУКИ, ВЕДИ…. што се букви од ГЛАГОЛИЦАТА, која пак е основа на КИРИЛИЦАТА.

Денешното албанското писмо е ЛАТИНИЧНО. Тоа значи дека денес е ДЕН НА АЛБАНСКОТО ПИСМО или БУКВИ како што оригинално пишува во документите.

Еве и зошто.

Во Битола од 14 до 22 ноември 1908 година се одржал Битолскиот конгрес за УНИФИЦИРАЊЕ на албанските букви или shkronjat shqipe.

На Конгресот е избрана Комисија која требало да го унифицира пишувањето кај Албанците. Биле изработени две верзии на латинично писмо, но многумина на Конгресот, кои се школувале во Турција биле приврзаници на т.н. Истанбулско писмо. Од друга страна, во албанските средини каде се практикувала православната вера, било користено грчкото писмо. Така настанала тензична ситуација меѓу Тоските и Гегите, партиципиенти на Конгресот.
Бидејќи конечно решение не било донесено, следната година 1909 година, на 23 јули, под директно покровителство на Младотурците, започнал нов конгрес во Дебар. (Kenan Manastirli, Kongresi i Dibrës (Dibra Kongresi) Istanbul 1912, Archivum Instituti pro Historia pod signatura A IV 102 Tirana.).

Следниот обид за решавање на проблемот бил направен во септември 1909, кога започнал нов конгрес за албанското писмо во Елбасан, по кој следел и Вториот битолски конгрес во 1910 година. ( Masar Kodra, Kongresite vo Debar, Elbasan i Bitola – na albanskoto osloboditelno dvizewe, GINI, XIII/1-2, Skopje, 1969, 108.)

Во меѓувреме, во Битола почнал да излегува весник Bashkimi kombit (Национално единство) во кој излегувале статии и на писмото од Битола и на арабица.

„14 пратеници муслимани од Горна Албанија му предале на Големиот Везир Хаки-паша молба со која соопштуваат дека нема да дозволат латинските букви да влезат во училиштата во Албанија, туку бараат на нивно место да се употребуваат арапските букви и со нив да се пишува албанскиот јазик”. (Alfabeti i gjuhës Shqipe dhe Kongresi i Manastirit (14-22 nëndor 1908), Studime, materiale, dokumente, Tiranë, 1972, dok. 65, 346).
Проблемите со користењето на албанското писмо растеле, но секогаш превагнувале оние албански интелектуалци кои се школувале во европските држави и кои сметале дека латиничните букви се посоодветни гласови за албанскиот јазик.

Меѓу оние кои се залагале за латинично писмио бил и Исмаил Ќемали.

Кога на 28 ноември 1912 година била прогласена независноста на албанската држава, еден од првите декрети бил ДЕКРЕТ ЗА АЛБАНСКИТЕ БУКВИ, а за албанско писмо било одредено ЛАТИНИЧНОТО.

Патем, весникот Bashkimi kombit (Национално единство) го имам донесено ЈАС од Националната библиотека во Тирана. Го имам подарено на Музејот за албанска азбука во Битола со напомена дека Музејот треба да даде точна квалификација на писмото кои НЕ Е АЗБУКА, ама џабе. Патем, ЈАС и колегата ИСАМЕДИН АЗИЗИ го имаме подготвеноно и го имаме ставено на располагање на македонската јавност која треба да знае дали и колку Македонците и Албанците имале заедничко во минатото.

Патем, заедничко имале МНОГУ, ама на денешниве политички СИЛЕЏИИ им одговара латинската „Раздели па владеј“.