Објавена е анкетата 100 најсекси мажи и жени, а резултатите шокираа многумина.
Џејсон Мамо (39) ја понесе титулата најзгоден маж во светот, додека на последно место беше актер кој некогаш кршеше многу женски срца, Леонардо Ди Каприо.

„29-годишната листа на независни критичари 2018″ го достигна максимум на својата популарност, бидејќи гореа и Инстаграм и ЈуТјуб додека траеше гласањето. Публиката беше постојано вклучена и можеше да следи како котираат нивните фаворити. Видеото кое го сними продукција е прегледано повеќе од 2,6 милиони пати. Официјалната веб-страница на Инстаграм имаше 664.000 следбеници.

Овј „натпревар“ се одржува од 1990 година, а многу ѕвезди се прогласувани за најубави лица на светот.

Победникот во женската категорија за претходната година е францускиот модел Тилен Блондо.

Џејсон Мамо стана популарен благодарение на улогата на суперхеројот Артур Кири во Аквамен. Тогаш многу жени побудалеа по него и станаа сериозна конкуренција на претходните ѕвезди.

Второто место е фронтменот на јужнокорејската група БТС, а трето Идрис Елба, актер, продуцент и музичар.

Дејвид Бекам се уште е меѓу првите дваесет, без оглед на годините.

Кристијано Роналдо е 33-ти на листата на најзгодни мажи.

Интересно е што Двејн Џонсон е на 81-вата позиција и се уште се „одржува во живот”.

Последен оваа година е поранешниот срцекршач Леонардо Ди Каприо.