Соединетите Американски Држави се искачија на првото место во пласманот според освоени медали на Олимписките игри во Токио.
Во јапонската престолнина во тек се натпреварите од третиот натпреварувачки ден, а за прв пат од почетокот на Игрите, САД се предводници на листата медалисти.
Американците досега имаат седум златни медали, три сребрени и четири бронзени.
На делба на второто место со по шест злата се Кина и Јапонија, а по нив следуваат Велика Британија и Република Кореја со по три најсјајни одличја.
Два златни медала има Австралија, а по еден највреден трофеј имаат 14 држави.