Хрватска и го нанесе вториот пораз на Србија во групната фаза на олимпискиот турнир во ватерполо, триумфирајќи претпладнево во соседското дерби со 14:12 (5:3, 1:1, 4:4, 4:4).
Хрватска подобро го отвори дуелот меѓу двата последни олимписки шампиони и поведе со 5:1, но Србија возврати и го израмни резултатот на 8:8.
Продолжението донесе серија грешки на српските ватерполисти во одбраната што Хрватска го искористи за трета победа во четвртото коло во групата Б.
Во преостанатите два натпревари од истата група, лидерот Шпанија го продолжи максималниот ефект со победа над Австралија (16:5), додека Црна Гора триумфираше над Казахстан (19:12).