Рускиот тенисер Карен Хачанов денес го победи Шпанецот Пабло Карено-Буста во полуфиналето во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио.
Средбата траеше 1 час и 20 минути. Двата сета Хачанов ги доби со по 6:3.
Во финалето на Олимписките игри, Хачанов ќе се сретне со победникот од дуелот Александар Зверев (Германија) – Новак Ѓоковиќ (Србија).
Хачанов е 12. фаворит на Игрите, Карено-Буста беше шести, Зверев е петти, додека Ѓоковиќ е прв носител.