Мартин Томовски и приклучи на репрезентацијата и работи со тимот за настапот на Европското првенство (ЕП). Голманот кој брани во втората Бундес Лига и е меѓу најдобрите вели дека тестовите кои следат ќе бидат идеални пред настапот на ЕП 2026, за да се увидат и добрите работи кои се прават, како и да се коригираат грешките.
“Добро се познаваме со сите, иако има некои новитети. Долги години сум во репрезентацијата, имаме одлична атмосфера. Имав мала поштеда, добро ми дојде, се приклучив во новата година здрав и со големи амбиции и мотивација.
Мое мислење е дека многу е подобро и поубаво времето да го искористиме на пријателски натпревари, бидејќи таму може да видиме вистински што правиме добро, а што грешиме.
Тоа ќе биде одлична увертира за нас и селекторот да видиме до каде сме. Се надевам на добар подготвителен турнир, да останеме здрави и тоа искуство да го пренесеме на ЕП.
Данска е апсолутен фаворит, Португалија е селекција во подем, тука е и Романија која е зрел и искусен тим, иако е подмладен.
Секој натпревар ќе биде од посебен карактер, ама нашата цел е да дадеме максимум, да се подготвиме комплетно на 100%. Нема да остане ништо друго, освен да го дадеме максимумот и се надевам на позитивен резултат“, изјави Томовски.




