Хрватската кошаркарска легенда Тони Кукоч изминативе денови беше во центарот на вниманието во САД, откако повторно остана прескокнат во изборот за место во „Куќата на славните“.
Бројни кошаркарски светски имиња искажаа разочараност и зачуденост зошто и натаму Кукоч не е во изборот за место во „Куќата на славните“, па на таа тема и самиот Кукоч даде интервју за хрватскиот „Т-портал“. Но, во дел од тоа интервју даде своја оценка и за Коби Брајант која ги налути Американците.
„Коби Брајант беше само копија на Мајкл Џордан, па токму тоа и го става малку во споредна улога кога е во прашање темата за најдобрите играчи во историјата. Играа на иста позиција, беа слично градени и факт е дека Коби речиси се копираше од Џордан. Наскоро ќе биде објавен документарецот за Џордан и Чикаго булс и сите ќе може да видат дека тој беше само копија. За мене Мајкл Џордан е вистинското џудо на природата. Понекогаш спиеше само три часа, а потоа ќе пристигнеше на натпревар и тотално ќе доминираше“ – изјави Кукоч.
Ова негова мислење го пренесоа безмалку сите американски медиуми, по што наиде на силен револт кај дел од кошаркарските вљубеници во САД и фановите на Коби Брајант.