Турската компанија „Сардес“ изнела злато вредно 900 милиони долари од Венецуела во Турција. Компанијата се појавила во декември 2017 година, два месеца откако венецуелскиот лидер Николас Мадуро го посети турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, објваи Блумберг.
Уште во првиот месец од 2018 година тие изнеле злато за 41 милион долари, а во следната недела за уште 100 милиони долари.
Во односите меѓу двете држави тоа е исклучителен случај на соработка, коментираат од Блумберг.
Во крајот на јануари Парламентот на Венецуела каде контрола има опозицијата, соопшти за обид за изнесување 20 тони злато од државата.