Истражувањето кое го спроведе порталот Current Results покажа дека, кога станува збор за најсончеви градови, дефинитивно победник е Валета на Малта, со 2.957 сончеви часови годишно.
Следат Марсеј и Лисабон, а комплетната листа топ 10 најсончеви градови во Европа е следната:
- Валета, Малта – 2.957 (сончеви часови годишно)
- Марсеј, Франција – 2.858
- Лисабон, Португалија – 2.799
- Мадрид, Шпанија – 2.769
- Атина, Грција – 2.771
- Ница, Франција – 2.724
- Монако, Монако – 2.724
- Тирана, Албанија – 2.544
- Барселона, Шпанија – 2.524
- Подгорица, Црна Гора – 2.480
За тие што не сакаат голема доза на витамин Д и повеќе сакаат помрачна атмосфера, нема да се разочараат ако отидат во Глазгов, со оглед на тоа дека овој град во Шкотска има 1.203 сончеви часови годишно.
Топ 10 листата на најоблачни градови на Европа е следнава:
- Глазгов, Шкотска – 1.203
- Рејкјавик, Исланд – 1.268
- Бирмингем, Англија – 1.364
- Лондон, Англија – 1.410
- Манчестер, Англија – 1.416
- Даблин, Ирска – 1.424
- Келн, Германија – 1.504
- Вадуц, Лихтенштајн – 1.517
- Брисел, Белгија – 1.546
- Хамбург, Немачка – 1.557