Листата филмови со најголема заработка во 2019 година е објавена, а на неа се наоѓаат 20 остварувања со над 300.000 долари приход.
На првото место е „Одмаздници: Завршница“ со 2,8 милијарди долари на својата сметка. Со тоа ја презеде титулата филм со најголема заработка на сите времиња. На второто место е „Кралот лав“ со заработени 1,6 милијарди долари.
Трет на листата е филмот „Човекот-пајак: Далеку од дома” (1,13 милијарди долари). Четврта е „Капетанката Марвел” (1,12 милијарди долари), на место бр. 5 е цртаниот филм „Приказна за играчките 4″ со 1,07 милијарди долари, а „Аладин” е на шесто со 1,05 милијарди долари заработка.
Иако „Џокер“ сè уште се прикажува во кината, на ИМДБ е прогласен за најдобар филм за 2019 година. На оваа листа пак, го зазема седмото место со приход од 1,04 милијарда долари. Зад него е „Брзи и бесни: Хобс и Шо” (759 милиони долари). На деветто место е „Снежното кралство 2″, којшто досега заработи 742 милиони долари и сè уште се прикажува во кината.
Следат: 10. „Не Жа” (700 милиони долари), 11. „Талкајќи по Земјата” (The Wandering Earth) – 699 милиони долари, 12. „Како да го дресирате вашиот змеј 2: Скриениот свет ” (How to Train Your Dragon: The Hidden World) – 520 милиони долари, 13. „Господарка на злото 2″ (480 милиони долари), 14. „Тоа 2″ (470 милиони долари), 15. „Покемон детектив Пикачу” (432 милиони долари), 16. „Тајниот живот на миленичињата 2″ (The Secret Life of Pets 2 ) – 429 милиони долари, 17. „Мојот народ, мојата земја” (My People, My Country ) – 423 милиони долари.
Последни три во листата „300 милиони плус“, се филмовите „Капетан” (407 милиони долари заработка), „Алита“ (405 милиони долари) и на крајот „Годзила: Кралот на ѕверовите” со 386 милиони долари приход.