Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо оствари уште едно достигнување по натпреварот од 11. коло на италијанскиот шампионат против Џенова (3:1). Португалецот стана првиот фудбалер во 21 век кој успеал да победи на 400 натпревари во најдобрите пет европски лиги (Италија, Шпанија, Англија, Германија, Франција).
Втор на ова рангирање е напаѓачот на Барселона, Лионел Меси (366 победи). На третата позиција се наоѓа голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон (350).
Оваа сезона, Роналдо одигра 11 натпревари за Јувентус и постигна 14 погодоци со една асистенција.