На пленарна седница на албанскиот парламент, на 10 јуни, народните избраници, со тајно гласање, ќе одлучуваат за разрешувањето на шефот на државата Илир Мета, што се случува за првпат во плурална Албанија.
Според член 88 од Уставот, за разрешување треба да гласаат две третини од вкупниот број пратеници. Ова значи дека на владејачкото мнозинство, за разрешувањето на Мета му требаат 94 гласа, што,како група ги нема.
Во албанскиот парламент од 140 пополнети се 122 пратенички места, откако во февруари 2019 опозицијата се откажаа од пратеничките мандати и не се успеа да се пополнат со други кандидати од нивните листи.
-Во овој период многу Предлог-закони беа изгласани со 93 или дури и повеќе гласови, а формирањето на анкетната комисија за разрешување на Мета беше изгласана со поддршка на 94 пратеници, што значи од опозицијата. Доколку се анализираат досегашните гласања, од 122 членови на парламентот, само четворица потенцијално може да гласаат против разрешување. Тоа се Лефтер Малиќи, Елда Хоти, Артур Роши и Кораб Лита, наведува Топ чанел телевизија.
Додава дека доколку ова се случи на „располагање на социјалистите, вкупниот број гласови за разрешување на претседателот изнесува 118“.
-Земајќи ги предвид гласовите воздржани, зошто да не и глас на социјалистички гнев во корист на Илир Мета, ова не би го загрозило гласањето за разрешување, констатира телевизијата.
По 10 јуни, парламентот ќе ја префрли топката на теренот на Уставниот суд, кој мора да одлучи дали ова е приоритетно прашање и да го разгледа веднаш или да го стави на листата на чекање, заедно со околу 180 случаи за кои се очекува да бидат разгледани од судот, кој по околу три години профункционирапред неколку месеци.
Претседателот на анкетната комисија Алкет Хисени, вчера го презентираше финалниот извештај во кој е утврдено дека Мета ги прекршил уставните надлежностите.
Преку својот портпарол Теди Блуши, Мета порача дека „ни најмалку не е загрижен или вознемирен од одлука на еднопартиски парламент и оти на функцијата останува до 24 јули 2022, кога му завршува мандатот“.