Црна Гора се најде на 20-то место на топ-листата туристички дестинации што треба да се посетат наредната 2020 година. А посебно е истакнат Котор.
„Црна Гора – скриеното богатство на Јадранот, станува сѐ попосакувана медитеранска дестинација и повеќе не се смета за сиромашно соседство на Хрватска… Денес Црна Гора се развива како луксузно место“, пишува Форбс.
Списанието им ја препорачува Црна Гора на оние активни патници кои претпочитаат планинарење и авантури, но и парови кои сакаат поголема приватност и поопуштена атмосфера.
Посебно се укажува на Котор, што поради природните убавини, црквите, музеите, „не смее да се пропушти“.