Сашо Топаловски, началник во СВР Скопје, во интервјуто за „Република“ потсети дек жолтото светло не е за поминување туку да се припремите да застанете. Тој нагласува дека речиси сите сообраќајници во Скопје се направени со трепкач на зеленото светло, тоа трепка три пати пред да се уклучи жолто светло.
Жолтото светло и законски е наведено дека не е за да поминете туку да застанете. Тоа е припрема за застанување. Ако вие како возач. Ако вие како возач го забележите жолтото светло вие нема да кажете зошто сте поминале, не сте безбедни самите вие. Жолтото светло е за да ве предупреди дека треба да застанете. Вие може да поминете на зелено и кога ќе поминувате на раскрсницата тоа да стане жолтото и тогаш нема да ве регистрира системот. Камерата има прецизна зона каде треба вашата табличка да се најде, каде треба да навлезе вашето возило во раскрницата после пешачкиот премин за да ве сними заедно со црвеното светло. И тука има непобитен доказ, го гледате вашето возило со регистрацијата влезено во раскрсницата и горе го гледате црвеното светло. На жолто светло се кочи и се припрема за следното тргнување. Можеби и на другата страна некој истото вика ако помине на жолто.




