Милион луѓе ширум светот би можеле да бидат изложени на високо ниво на топлотен стрес, опасна состојба што може да доведе до откажување на органите, пишува Би-Би-Си.
Многумина живеат во земјите во развој и работат работа каде можат да бидат изложени на услови опасни по живот. Тоа вклучува работа на отворено, на фарма, градилиште или во фабрика и болница. А глобалното затоплување ќе предизвика летата да бидат многу топли за да можат да работат луѓето.
Докторите во Сингапур се веќе изложени на топлотен стрес
Докторот Џими Ли работи во болница во Сингапур каде се грижи за пациентите кои имаат Ковид-19. Во болницата нема климатизација за да се спречи ширењето на вирусот. Како што изјави за Би-Би-Си, тој и неговите колеги станаа раздразливи, а заштитната опрема што мора да ја носат за да се заштитат од вирусот ги прави работите полоши.
Ли признава дека работата во вакви топли услови може да ја намали нивната способност, што е клучна за медицинскиот персонал, брзо да донесуваат одлуки. Исто така, вели тој, може да им се случи да ги игнорираат знаците на топлински стрес, слабост и гадење и да продолжат со работа додека не се онесвестат.
Што е топлотен стрес?
Топлотен стрес е состојба кога телото не може правилно да се излади, па температурата расте до опасна висина, кога можат да откажат важните органи. Тоа се случува кога телото не користи главен начин да се справи со вишокот на топлина, испарување на потта преку кожата, затоа што знакот е премногу влажен.
А докторот Ли и другите лекари сфатија дека непропустливите слоеви на заштитната опрема што го спречуваат влегувањето на вирусот, исто така, имаат ефект на спречување на потење.
Симптомите може да се движат од несвестица до откажување на органите
Ребека Лукас, психолог на Универзитетот во Бирмингем, истакна дека симптомите можат да се движат од несвестица и дезориентација до грчеви и откажување на цревата и бубрезите.
„Може да биде многу сериозно, ако телото се прегрее во сите делови“, истакна Лукас.
Условите под кои се јавува топлотниот стрес можат да се мерат со помош на системот „Wet Bulb Globe Temperature“ (WBGT) што не ја мери само топлината, туку и влага и останати фактори. Во 50-тите години, американската војска го користеше овој систем да развие упатства за безбедност на војниците. На пример, кога WBGT ќе дојде до 29 Целзиусови степени, се препорачува да престанат со вежби војниците кои не се аклиматизираат. Сепак, тоа е состојба во која се наоѓаат д-р. Ли и неговите колеги на дневна основа.
Целосна исцрпеност доколку луѓето работат на температури над 32 степени и има многу влажност
На врвот на скалата, кога WBGT регистрира 32 Целзиусови степени, препорака за американските војници е дека треба да престанат со напорни тренинзи бидејќи ризикот може да стане екстремен. Но толку високи температури неодамна се измерени во болница во Ченаи, Индија.
„Ако условите се такви со денови, луѓето ќе почнат да дехидрираат, имаат кардиоваскуларни проблеми и се исцрпени од топлината“, истакан докторката Видија Венугопал од болницата во Ченаи.
Како што расте глобалната температура, влажноста станува поинтензивна
Како што расте глобалната температура, влажноста станува поинтензивна, што значи дека голем број луѓе долго време ќе бидат изложени на опасна комбинација на топлина и влажност.
Британскиот професор Ричард Бетс разви компјутерски модел според кој бројот на денови со температура над 32 Целзиусови степени ќе се зголемува во зависност од тоа дали се намалени емисиите на стакленички гасови. Бетс тврди дека веќе милион луѓе работат во услови на екстремна топлина и влажност.
Друга студија објавена претходно оваа година предвидува дека до 2100 година околу 1,2 милијарди луѓе ќе бидат погодени од топлотен стрес.
Кога станува збор за спречување на топлотен стрес, д-р Ли вели дека не е некоја посебна наука. Треба да пиете многу течности пред да одите на работа, да одморите и да пиете течности повторно после работа. Во неговата болница, вработените пијат полумрзнати пијалоци за да се оладат. Сепак, тој признава дека топлотниот стрес е тешко да се избегне.