Стабилно време со умерена облачност ќе се задржи и во наредните денови. Во недела ќе има услови за локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.
Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 5 до 16, а максималните дневни ќе достигнат до 31 степен.