Лидерот на шпанскиот регион Каталонија, Куим Тора,  во текот на денешното заседание на регионалниот парламент повика на организирање нов референдум, што ќе го утврди статусот на Каталонија.

Североисточниот регион на Шпанија во последните три дена е преплавен од демонстранти по одлуката на Врховниот суд да затвори деветмина каталонски лидери за нивниот обид од 2017 година да го спроведат отцепувањето на овој регион од Шпанија.

Каталонскиот регионален претседател, Куим Тора, денеска оддржа говор пред претседателот на регионалниот парламент Роџер Торенто, во текот на пленарното заседание во регионалниот парламент во Барселона.

Тора се појави пред регионалните пратеници за да ги информира за договорениот одговор на преседанот на шпанскиот Врховен суд против лидерите на независноста, како и за немирите и протестите што се одржаа во регионот во последните денови.

Тора ги отфрли тврдењата дека каталонското движење за независност прибегнува кон насилни средства, забележувајќи дека постои „лажен наратив“ што постојано го опкружува.