До редакцијата на Канал 5 пристигнала копија од кривичната пријава поднесена од страна на Куновски, Елзесер и Петрески, првите двајца од Скопје а третиот од Прилеп, која е доставена до ОЈО Скопје а во кое овие лица го товарат Тортевески дека незаконски раководел со финансиските средства, па се вели:
„Пријавениот Александар Тортевски како Претседател на политичката партија “ТВОЈА ПАРТИЈА” каде сме и ние членови , по добиените финансиски средства од државната изборна комисија врз основа на остварениот резултат на локалните избори во 2021-ва година како овластено лице и еден од потписниците на жиро сметката на партијата, видно од финансиските изводи кои се предложени, основано се сомневаме дека истите ги потрошил неосновано, спротивно на целите и принципите на партијата и без одлука на ниту едно тело на партијата и транспарентно информирање на членството. И покрај тоа што мандатот на пријавениот е истечен уште во јануари 2022 година, видно од финансиските прегледи на партијата во неколку наврати има префр
лено средства по основ на договор на дело без детално образложение пред органите и членовите на партијата.“
Адвокатот Тортевски пак за Канал 5 ТВ ги негира овие обвинувања и тврди дека одредени лица сакале да ја преземат партијата преку носење на незаконски акти и потврди дека сега тој ќе побара институционална заштита од лицата кои наводно го уценувале со цел да постапува незаконски и спротивно на Статутот на партијата па вели:
„Не се членови на ниту еден орган и не сум имал обврска да ги информирам ништо. Куновски има потпишано пристапница сега пред неколку месеци и не бил член во тој период а Елзесер иако не сакаше да биде член, сепак дојде кај мене и бараше да вработиме 4 манекенки.“