Во денот на Торжеството на Православието го празнуваме исполнувањето на епохата на седумте Вселенски собори.
На седмиот Вселенски собор бил возгласен догматот за иконите којшто ни говори дека Бог, станувајќи човек, станал изобразлив, со Своето воплотување недостижниот Господ земал човечки лик, та ликот Божји може да биде запишан со линии и бои, не како портрет, туку како внатрешен, таинствен образ Божји, препознаван, живеен и познат во Црквата.
Бог има лик, и ние тој лик можеме да го гледаме, и пред иконата која го изразува црковниот опит, црковното знаење за Бога ние дејствително можеме да ги преклониме колената со љубов, со благоговение, со нежност.
Бог стана еден од нас, не престанувајќи да биде недостижен, велик Бог, самиот Живот, самата Светост, самото Недостижно.