Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, денеска беа домаќини на традиционалниот годишен прием за полициските аташеа акредитирани во земјава.

Како што информираат од МВР, Тошковски во своето обраќање ја истакна важноста на партнерскиот пристап и досегашната успешна соработка со полициските аташеа, која резултираше со бројни заеднички иницијативи, проекти и оперативни активности во области од заемен интерес.

Упатувајќи честитки по повод претстојните празници, министерот нагласи дека и во наредниот период ќе продолжи продлабочувањето на партнерската соработка, водејќи се од заедничката цел – јакнење на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион, но и глобално.




