Безбедносните служби не откриваат детали, министерот тврди дека бил предупреден за можни инциденти од поединци и групи на прославата на Денот на албанското знаме. Директорот на Агенцијата за национална безбедност вели дека информациите на безбедносните служби се класифицирани, оттаму и не може да открие детали за јавноста, дали и со какви оперативни сознанија располагале пред инцидентите, објави Телма.
-Како тие би знаеле дали јас сум предупредил некого или не? Тоа се класифицирани информации, не можам да ви дадам детали. Ние сме во тек со сите случувања и превентивно и реактивно. Како за претходните, така и за оваа ситуација сме биле оперативно насочени кон превенција на насилен екстремизам, а ќе бидеме и понатаму. Имаме одлична соработка со сите безбедносни органи. Граѓаните можат да бидат спокојни, изјави Бојан Христовски, директор на Агенција за национална безбедност.
По обвинувањата од опозицијата дека, овие служби потфрлиле затоа што не ја известиле навреме полицијата, директорот на Агенцијата за национална безбедност прашува, како тие можат да знаат дали навистина било така?
Министерот, пак, тврди дека бил предупреден.
Тошковски тврди дека има докази за вмешаност во инцидентите на кадри од ДУИ, оттаму, рече и дека се срами кога ги слуша нивните барања за негова оставка. И од владејачката „Вреди„ обвинија дека инцидентите биле предизвикани по околните улички,од страна на кадри на ДУИ, а дека прославата на Скендер бег била пријавена во МВР од страна на општина Чаир и таму ситуацијата била мирна, порача Тошковски.